Проекција на „Селфи“ и „Фи“ во кино Култура

„Филмофилска продукција“ најавува проекција на експериментални филмови.

Денес (14.05.2016), со почеток од 20 часот во Кино култура (Скопје), премиерно ќе биде прикажан британскиот експериментален филм „Селфи“ (80 мин) во режија на Вилијам Браун.

3A26EF833D019441BA18411D5744519C[1]

„Решив да направам филм откако одеднаш сите почнаа да прават селфи. Во 2013 selfie беше прогласен за збор на годината од Oxford dictionary. Употребата на овој збор се зголеми за 17.000 отсто. Не бев баш сигурен зошто е толку привлечен овој збор, па почнав и самиот да правам селфи за нештата да ми станат појасни. Во филмот објаснувам дека сум заразен со овој вирус-слика…

92AA424DB5E5AE469D6699935C232848[1]

Сметам дека има нешто интересно во сето тоа. Пред сé, во тоа како се рефлектира поврзаноста со камерата. Со тек на време сфатив дека селфито повеќе сокрива, отколку што открива. Ми беше предизвик да го ставам на филм тоа што го открива. Тоа што се обидуваме да го сокриеме е себе самите“, вели Браун во интервју за Дневник.

По втор пат, филмофилите ќе имаат можност да го гледаат експерименталниот филм „Фи“ (20 мин) на режисерот Владимир Најдовски.

FI

На настанот ќе присуствуваат двајцата режисери.

- Реклама -