На последната вечер од одржувањето на Неделата на франкофонски филм вечер со почеток од 20 часот во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи проекција на луксембуршкиот филм „Неверојатната приказна на Фрици“.
Проекцијата е во организација на Амбасадата и Почесниот конзулат на Големото Војводство Луксембург кои годинава ја имаа честа и задоволството да се придружат во одбележувањето на месецот на Франкофонијата преку учество во Неделата на франкофонски филм .
Амбасадата за таа цел овозможи прикажување на анимираниот филм на режисерите Раиф Кукула и Матијас Брин, „Неверојатната приказна на Фрици“ кој ни ја раскажува несекојдневната авантура за 12-годишната Фрици која се впушта во патување низ поделената Германија во есента 1989 година притоа станувајќи сведок на турбулентните настани за време на падот на Берлинскиот ѕид.
Претходно, во текот на Неделата на франкофонски филм беа прикажани романскиот филм „Радио Метроном“, швајцарскиот „Последниот танц“, белгискиот „Последното искушение на Белгијците“, како и францускиот документарен филм „Деца на татковината“.
Неделата на франкофонскиот филм се одржа во организација на Францускиот институт и Амбасадата на Република Франција со поддршка од Амбасадите на Романија, Швајцарија, Белгија и Луксембург.