Книга: Проектот Лазарус

Книга: Проектот ЛазарусНа 2 март, 1908, деветнаесетгодишниот Лазарус Авербух, источноевропски емигрант со еврејско потекло, при посетата на чикашкиот шеф на полицијата бил изрешетан до смрт и осуден како наводен анархистички убиец. Еден век подоцна, младиот писател од Чикаго по име Брик се опседнува со приказната за Лазарус.

Книга: Проектот ЛазарусИ самиот Брик по потекло од Источна Европа, го регрутира својот земјак Рора – воен фотограф од Сараево – да му се придружи во патешествието по стапките на Авербух. Низ историјата на погроми и сиромаштија, и низ денешните пејзажи со евтини мафиози и уште поевтини проститутки, приказните за Авербух и Брик нераскинливо се испреплетуваат и создаваат  оригинален, провокативен и забавен роман што го потврдува Хемон како еден од најдинамичните и најважните книжевни гласови на нашето време.

„Проектот Лазарус е бестрашен и смел израз на турбулентен книжевен талент и, истовремено, студена, сурова критика на моралното насилство. И покрај симпатиите на Хемон кон другите писатели – се наѕираат влијанија не само на Набоков и Зебалд, туку и на Булгаков, Памук, Ејмис, По – тој е сосема свој, оригинален човек кој никому ништо не му должи“.
Book Forum

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

„Возбудлив, забавен, остроумен – ѓаволски бистар и длабоко сериозен… И во замислата и во спроведувањето, Проектот Лазарус е импресивен роман. Ако продолжи вака, Хемон може да стане најнадарениот и најважниот писател на неговата генерација“.
GQ

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на „Приказни за август“ се:

1. Тања Сарандеска
2. Бојана Петковска
3. Љупка Дамческа
Се вчитува…

- Реклама -