Проѕирните ткаенини се веќе некое време апсолутен хит на модната сцена, особено оние кои откриваат само некои делови од кожата и кои се составени од повеќе материјали. Од друга страна, ваквиот моден избор е идеален за летните горештини и се мошне лесни за комбинирање со други парчиња облека. Во галеријата подолу ви прикажуваме неколку модни предлози во кои ќе изгледате модерно и релаксирано, но истовремено и елегантно.