Проѕирен HD телевизор од иднината

Откако тенките телевизори поставени на ѕид станаа стандард, веќе не изгледаат толку импресивно како во времето кога се појавија. Се чини дека светот е подготвен за следниот чекор во еволуцијата на телевизорите.

Дизајнот на Михаел Фрајб беше претставен на минатогодишниот Интернационален форум за дизајн. Она што тогаш изгледаше како научна фантастика наскоро може да стане реалност. Имено, во моментов, компанијата Loewe, препознатлива на европскиот пазар по скапите и висококвалитетни телевизори и аудио опрема, веќе работи на развивање на прототип наречен Loewe Invisio.


Концептот е фасцинантен сам по себе. Екранот нема никаква рамка, туку само една стаклена плоча. Сите важни делови се сместени во долниот, сребрен дел од уредот, па така, тој ќе станува телевизор само кога ќе го вклучите, а во истиот миг кога ќе го исклучите одново ќе се претвори во стаклена плоча што изгледа како футуристички украс. Доколку не сте љубител на украси, телевизорот ќе можете да го поставите и на ѕид.

Во моментов, постојат преговори помеѓу Loewe и Apple, за можноста гигантската компанија за прескапи производи да го купи и овој производител и да приграби дел од пазарот на телевизори. Нормално, тоа уште еднаш ќе значи дека Apple измислиле нов и револуционерен производ, кој веројатно ќе има и астрономска цена.

- Реклама -