Продукцијата на X factor откачи: Даниел не доаѓа во Скопје, Жељко го бојкотира финалето

Низа на скандали се случија за 24 часа на X factor.Имено, како што преесе Вистина.мк на Даниел Кајмакоски продукцијата му забранила за учествува на концертот на Кики и ѕвездите од шоуто.

Ова е официјалното соопштение кое пристигнало  од МБК продукција која ја има лиценцата за Х-Фактор.

hitportal-daniel2

Во прилог е нивното соопштение во целост :

„По демантот по повод концертот на Кики Лесендриќ и групата Пилоти закажан за 14.03.2014, во Арената Борис Трајковски, кој МБК продукција го испрати и нагласи дека не станува збор за концерт на финалистите на Х фактор, поедини македонски медиуми, а и на официјалниот сајт за продажба на билети на организаторот на концертот Балкан медија, се уште се најавува како концерт на Кики и Пилоти заедно со Финалистите на Х Фактор.

МБК Продукција поради новонастанатата ситуација одлучи на споменатиот концерт како специјални гости да присуствуваат финалистите нa Х Фактор , но само од групата на Кики Лесендриќ: Тамара Милановиќ, Илма Карахмет и Александра Брковиќ, поради веќе воведената пракса секој ментор да ги промовира своите кандидати.

Споменaтите финалисти ќе го поддржат концертот на Кики Лесендриќ, а оваа можност ќе ја искористат да ги повикаат сите љубители на ова популарно шоу да дојдат на спектакуларното финале во Комбанк Арената во Белград кое ќе се одржи на 23 март.

Покрај многубројните прашања на новинарите и обожавателите на ова музичко шоу, ја известуваме јавноста дека музичката турнеја на финалистите на X Фактор ќе се одржи по завршувањето на првата сезона на најпопуларното музичко шоу на Балканот, во април месец оваа година“.

Закажувањето на финалето за 23 март не го остави рамнодушен Жељко Јоксимовиќ кој за оваа вест дознал преку медиумите.

finaleto-na-x-faktor-ke-bide-na-23-mart-zeljko-nema-da-prisustvuva-1

Веројатно навреден и налутен, на својот Твитер профил напишал:

„Преку Телеграф дознав дека финалето на Х-фактор ќе биде на 23. март во Арена. Тоа ќе биде супер! Уште поубаво би било да сум тогаш во Белград!“

Дали навистина ќе ги остави своите кандидати без неговата поддршка или ова е само моментална избрзана реакција, останува да видиме на 23. март, кога ќе се случува финалето.

Претходно, на 4. март ќе се случува осмото Live Show, кога треба да испадне уште еден од натпреварувачите, меѓу Даниел, Маид, Илма, Тамара, Лукијан и „Доктори“ и во финалето да останат само петте најдобри.

- Реклама -