Продукти со кои ќе бидете поефикасни на работа

Одредени прехрамбени продукти се способни да ја олеснат вашата работа во канцеларијата. Тие позитивно влијаат на меморијата и ја подобруваат концентрацијата.

Еве ја листата на продукти кои се вистински помошници кога станува збор за психичката работоспособност:

Лосос – богат е со омега 3 киселини, белковини, железо и витамини од групата Б кои ја подобруваат меморијата и концентрацијата.

losos

Кафe и какао – содржат антиоксиданти и амино – киселини, а кофеинот што го содржат е одговорен за заштита на органите за вид, доколку поголемиот дел од денот го поминувате пред компјутер.

Темно чоколадо – заслужно за зголемување на концентрацијата, додека пак млечното чоколадо е добро за забрзување на менталните реакции и ја подобрува вербалната и визуелната меморија.

darkchocolate1

Јогурт – главен извор на белковини, минерали и пробиотици. Oсвен на системот за варење му помага и на нервниот систем.

Магдонос, нане, спанаќ – како и сите други зеленчуци и зачини со темно зелена боја, содржат железо кое го олеснува снабдувањето на мозокот со кислород што го забрзува процесот на мислење.

spinach_16x9

- Реклама -