Сопственикот на продавница за облека во Индија вчера изјавил дека ќе го смени името на продавницата, Хитлер, само ако добие компензација за ребрендирање.
Продавницата, која продава облека за мажи во западна мода, била отворена пред 10 дена во Ахмедабад, во западната држава Гуџарат со голем натпис “Hitler” над влезот и нацистичка свастика наместо точка над “i”.
„Ќе го сменам ако добијам компензација за парите кои ги потрошив – логото, фирмата, визит картите, брендот“ изјавил Раџеш Шах. Тој бара околу 150.000 рупии или 2700 долари. Шах инсистира дека до отварањето на продавницата не знаел кој е Адолф Хитлер и дека Хитлер бил прекарот на дедото на неговиот партнер кој бил „многу строг“.
„Не знаев колку името ќе им пречи на луѓето. Дури откако се отвори продавницата дознав дека Хитлер убил шест милиони луѓе.“ Членовите на малата Еврејска заедница во Ахмедабад го осудиле изборот на името, а израелски дипломат рекол дека амбасадата подготвува „силна реакција“.
„Луѓето користат вакви имиња главно од незнаење“ изјавил израелскиот конзул во Мумбаи Орна Сагив. Сепак, употребата на свастиката води кон заклучок дека дека се работи за повеќе од обичен прекар и веројатно е дека господин Шах истражувал и решил дека ова е одличен начин за привлекување внимание. [‘Hitler’ clothing stirs anger in Gujarat]