Алекс Чакон е студент по медицина кој решил да го живее својот сон. Неговата приказна е единствена и инспиративна, а започнала кога тој решил да продаде се што поседува, и да тргне на пат околу светот.
Негова главна цел била да им помогне на сиромашните деца, а при нејзината реализација наишол на бројни препреки, опасни ситуации, политика и криминал. Во текот на три години спиел каде ќе стигнел, често останувал без пари, а истовремено собирал пари од спонзори и онлајн донатори за неговата благородна дејност.
Својот пат на мотор Алекс го документирал и соединил во интересен „селфи“ колаж. Во текот на неговата тригодишна авантура тој посетил преку 36 земји, извозел преку 200.000 километри и преминал преку 75 граници. И не само што успеал да истражи голем дел од прекрасната природа на оваа планета, туку и неговите медицински знаења ги употребувал за да им помогне на децата од сиромашните и неразвиени земји.