Ако сакате да знаете дали можете да му верувате на некого тогаш сè што ви треба е да го погледнете неговото лице. Истражувачите велат дека мажите со пошироко лице имаат поголеми шанси да мамат, додека оние со тесни лица се поискрени и поотворени.
Според овие наоди, луѓето кои имаат лице како актерите Хју Лори и Дејвид Тенант се поискрени од луѓето со лица како Џек Николсон или Вејн Руни. Иако откритието потсетува на френологија – викторијанско верување дека карактеристиките на личноста се поврзани со обликот на главата – научниците велат дека наодот се базира на два цврсти научни експерименти. Доктор Мајкл Хаселхун, предводник на студијата извршена во Универзитетот од Висконсин-Милвоки, изјавил: „Демонстрираме дека мажите со широки лица се чувствуваат помоќно, и дека ова чувство на моќ води доректно кон помалку етичко однесување, како лажење и мамење.“
„Можеби некои мажи се едноставно лоши од сржта.“ Повеќето еволуционисти ја одбиваат идејата дека физичкиот изглед може да открие дали некој е чесен или не. Ако физичка особина – како широко лице или тесни очи – навистина откриваше негативни карактерни особини, тогаш тие единки би имале потешкотии да најдат партнери и да имаат деца. Преку илјадници години природна селекција особината би исчезнала. Но, доктор Хаселхун вели дека физичките карактеристики поврзани со нечесноста би можеле да опстојат ако истите се врзани и за друга карактерна особина која е привлечна за жените – како шарм или снаодливост.
Истражувачите спровеле два експерименти. Во првиот, 192 американски студенти по бизнис биле прашани да учествуваат во игра. Во парови тие глумеле продавач на куќа кој ќе се согласи да продаде само ако куќата остане зачувана и купувач кој сака до ја претвори градбата во хотел. За време на играта, паровите преговарале преку електронска пошта сè додека не постигна договор. Учесниците со широки лица почесто лажеле за нивните намери од оние со тесни лица. Но, кај женските учесници односот помеѓу ширината и висината на лицето не одговарал со разлика во нивното однесување.
Во вториот експеримент, 103 студенти добиле шанса да учествуваат во лотарија за награда од 50 долари. Нив им било кажано дека можат да учествуваат со повеќе од едно ливче, но бројот на ливчиња зависел од број добиен со вртење две коцки. Тие ги вртеле коцките и го внесувале бројот во компјутер без да бидат надгледувани. Мажите со пошироки лица тврделе дека добиле многу повисок број од оние со тесни лица, што наведува кон заклучок дека тие биле поподложни на мамење. Прашалник поплнет пред експериментот исто така открил дека мажите со пошироки лица се чувствуваат помоќно. „Чувството на моќ директно влијае врз нивното етичко однесување“ велат истражувачите. [How to get the measure of a shifty man… check out the width of his face]