Хоџсон очекува огромни проблеми на СП во Бразил

Селекторот на Англија, Рој Хоџсон истакна дека на Светското првенство 2014 во Бразил ќе има енормно висок број логистички проблеми кои ќе ги оптоваруваат репрезентациите и сите посетители.

Хоџсон искажа сериозна загриженост откако ги виде базите за својот тим во Рио де Жанеиро, Сао Паоло и Бело Хоризонте.

„Бразил е голема земја и ќе има навистина големи проблеми за тимовите кои ќе се пласираат на СП, во зависност од тоа во кој град ќе бидат ждребани“ вели Хоџсон.

Натпреварите ќе се играат во 12 градови, а некои се толку оддалечени што е потребно шест часа лет за да се стигне од еден до друг.

„Ако сте во Порто Алегро ќе ви требаат и крзнени јакни и одела, затоа што таму врне снег. Ако сте во Манауса нема да се сончате, но дефинитивно ќе бидете изложени на постојани роеви комарци кои никој не може да ги контролира затоа што сте блиску до амазонската џунгла. Смествачките капацитети се посебна приказна“ дополнува Хоџсон.

Македонија во квалификациите за СП во Бразил е во група со Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс.

- Реклама -