Призма: Фотелјата најдобра заштита од pешетки …

БИРН истражува колку има вистина во тоа дека политичарите речиси никогаш не одговараат за дела што ги сториле вршејќи ја службата

Почнувајќи од 1998 година, во премиерска, вицепремиерска или во министерска фотелја седнале вкупно 186 лица.

Истражувањето на БИРН покажува дека половина од нив, во текот на нивната политичка кариера, барем еднаш „заработиле“ кривична пријава.

Сепак, шансата за кривично пријавен функционер што го достигнал тој ранг да оди в затвор е околу 2 проценти или двајца од сто.

Виновен, невин, службеник, министер

На 3 јули 2019 година, Основното јавно обвинителство Скопје објави дека отфрлило кривична пријава против три лица за несовесно работење во службата. Лицата што се ослободени од одговорност се екс министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, нејзиниот заменик Драган Недељковиќ и шефот на финансии во Култура за периодот 2009-2017 година.

На прв поглед ништо невообичаено, бидејќи на пример во 2017 година јавните обвинителства отфрлиле околу 45 проценти од кривичните пријави доставени до нив. Но, две работи го прават овој случај вреден за истакнување.

Прво, кривичната пријава е поднесена од Управата за финансиска полиција. Второ, иако пријавата е отфрлена, обвинителството се согласува дека во случајот имало неправилност при набавка на опрема од странска компанија, бидејќи таа немала локална фирма во земјата при склучувањето на зделката.

„Вештото лице констатирало дека фактурите доставувани од „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија до Министерството за култура биле искажани во евра со посебно искажан ДДВ и со наведена сметка на која треба да биде исплатена сумата. Притоа, функцијата на подружницата не била реализирана во целост, со оглед на тоа што фактурите биле изготвувани и доставувани од страна на матичната компанија наместо од подружницата. На тој начин е создаден неправилен тек на парите“, се вели во соопштението на обвинителството.

Продолжете на Призма

- Реклама -