Полицијата синоќа, околу 22:30 часот, во кумановската населба Ајдучка чешма ги лишиле од слобода А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка.
Како што информира денеска МВР, при преглед на товарно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ѓ., а сопатник бил С.Н., било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.