Полициски службеници на СВР Тетово од Полициската станица Гостивар, вчера околу 13 часот го лишиле од слобода колегата А.Б. (50) од долнореканското село Јанче – полициски службеник во Полициската станица за граничен премин и гранична надзор Стрезимир. Поради основано сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластување, Основното јавно обвинителство Гостивар започнало постапка против полицаецот.
Тој бил пријавен од 61-годишен холандски државјанин со иницијали П.В.Н., кој на 21 септември околу 16:20 часот се движел на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар со возило „КИА“ со охридски регистарски ознаки. А.Б. го сопрел П.В.Н. и му побарал мито од 50 евра за да не му напише казна за наводниот сообраќаен прекршок. Возачот, меѓутоа, понудил 20 евра, кои полицаецот ги прифатил, а потоа продолжил и случајот го пријавил во полициска станица.
Поради сомнение дека осомничениот ќе го повтори делото, надлежниот јавен обвинител побарал на полицаецот да му биде определена мерка притвор.