Едно 65-годишно лице е приведено како осомничено за предизвикување на пожарите во Грција.
Неговиот идентитет уште не е објавен во медиумите, но во текот на истрагата, соседите на ова лице потврдиле дека тој и претходно потпалувал ѓубре и суви гранки.
Најмалку девет лица сведочеле против него и го сметаат за одговорен за големата трагедија во северните предградија на Атина.
Наводно, на кобниот ден, тој запалил суви гранки на ридот над Пентели, но огнот брзо се проширил и ја зафатил околната вегетација, а ситуацијата ја влошиле сувите ветрови, кои лесно го прошириле огнот.