Приведен гостиварец осуден на затвор за „трговија со луѓе“

Гостиварската полиција вчера во 14.40 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар го привела Ф.Т. (55) од Гостивар кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години, за сторено кривично дело „трговија со луѓе“.

Како што информираат денеска од МВР, Ф.Т. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово-Скопје за издржување на затворската казна.

Извор