Приведен 30-годишен маж во Гостивар по пријава на неговиот татко

На 10.07.2024 гoдина во 01.50 часот на улица ,,Ленинградска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.Р.(30) од Гостивар, постапувајќи по пријава од неговиот 64-годишен татко според која на 08.07.2024 година околу 21.00 часот, во семејната куќа каде што живеат, тој агресивно се однесувал кон членовите на семејството и физички ги нападнал неговата мајка и тетка.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Извор