10.530 дози од вакцината на „Фајзер“ пристигнаа попладнево во земјава. Се работи за вакцини купени во директни преговори со компанијата производител.
Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, истите ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за имунизација против Ковид-19.