Тиквешко Езеро, Моклишко, малото Доне Попов, многубројните пештери, цркви и манастири, споменици и други богатства на Кавадарци, отсега стануваат достапни преку виртуелна 3Д прошетка.
Се работи за пилот проектот „Виртуелен музеј – наменет за Кавадарци“ на компанијата ВР Порт, која се занимава со дигитализација на објекти, кој е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
„Со дигитализацијата правиме промоција и валоризација на културното наследство, со цел да се подигне нивото на туризмот и да се привлечат домашни и странски посетители, да дојдат и да го го видат потенцијалот на Тиквешкиот регионот и физички“, вели Пенелопа Стаматовска од ВР Порт.
Како што истакнува Стаматовска, платформата има и техничка страна, која ќе им користи на стручните лица.
„Ова е само еден од проектите со кој покажуваме дека се бориме и сакаме да поттикнеме рамномерен регионален развој“, нагласи Јован Деспотовски – директор на ФИТР. Како што информира, целиот проект е вреден околу стотина илјади евра, во кои Фондот за иновации учествува со 70%, а остатокот го обезбедува компанијата.
Како што истакна Крсте Соколов – раководител на одделение за угостителство и туризам при општина Кавадарци, општината проектот го добива како еден вид донација, со обврска тој да се одржува во иднина. Се размислува за втора и трета фаза, при што би се вклучил и бизнис секторот и винарските визби, со цел за позабрзан развој на градот.
Платформата ќе биде онлајн и континуирано ќе се надополнува, а целосно готова ќе биде за 18 месеци.
Според Стаматовска од ВР Порт, интерес за вакви проекти има и од други ооштини и таа изразува надеж дека дигитилизација ќе има и на богатствата и на другите региони.
Повеќе информации на следниот ЛИНК: 3Д дигитализација на културно наследство и објекти од важност Тиквешки регион.pdf