Постојат луѓе на кои им пречат интензивните мириси и затоа во својот дом не сакаат мирисливи свеќи, вештачки освежувачи на воздухот, парфеми и слично. Пред сѐ ова се однесува на мажите.
Ако имате еден таков дома, ви претставуваме едноставно решение за пријатен мирис во вашиот дом. Сѐ што е потребно е да провриете вода и состојки по желба во тенџерето.
Тоа може да бидат следните комбинации:
1. 2 кришки лимон, 3 гранчиња рузмарин и 1 лажица екстракт од ванила
2. 1 кришка портокал, 2 стапчиња цимет и неколку каранфилчиња
3. 3 кришки зелен лимон, 3-4 гранчиња мајчина душица, половина лажица етерично масло од ментол и една лажичка екстракт од ванила
4. 1 кришка портокал, ѓумбир и половина лажица есенцијално бадемово масло
Добро да се знае: Лимонот и портокалот најдолго го задржуваат мирисот
Пробајте и уживајте во прекрасните мириси!