Природни ремек-дела во Македонија

камењаПосле статијата за 10-те фасцинантни камени формации околу светот, решивме да направиме и посебна листа со необични и ретки карпи и карпести формации во нашата земја.


После статијата за 10-те фасцинантни камени формации околу светот, решивме да направиме и посебна листа со необични и ретки карпи и карпести формации во нашата земја.

Слонот на Маркови Кули
klaster-treskavac4

Оваа карпа која на некои им личи на слон, а на други на штрк е мало чудо на природата, како што е забележано во Риплиевата енциклопедија „Верувале или не“. Камениот слон  е висок околу осум метри и поставен на карпест постамент во подножјето на Марковите Кули од каде Прилеп се гледа како на дланка. Aтрактивната карпа со слонова глава, создадена е од две природно споени карпи. Камениот слон се поврзува со многу легенди, а во карпата е издлабена камара со остатоци на икона.  

klaster-treskavac3Во минатото,  жителите од древните населби Варош и Маркови кули биле активно вклучени во духовниот и материјален живот врзан за Слонот. Заедно со околните гробови во карпестите површини, може да се заклучи дека тој простор и слонот биле култно место за повеќе ритуали.

Луѓе што имале направено лоши дела доаѓале до слонот, во камарите секогаш полни со вода на миење раце и лице за да се исчистат. Најраширено е преданието дека слонот бил ослободување од јаловост. Неплодните жени се вртеле околу слонот со свеќи в раце во ноќите меѓу петок и сабота за да ги смилуваат вишите сили да им дадат челад. Сочувана е  приказната дека околината на слонот била вртилиште на богомилите, бидејќи во Варош било развиено богомилството. Легендата оди дотаму што зборува дека Ханибал ги донел слоновите во Прилеп на поклонение на камениот природен монумент како слон по освојувањата на Рим.

Самите Маркови Кули се природна реткост.  Поради комплексните геоморфолошки форми со џиновски размери тешки по неколку стотини тони кои се настанати како последица на лачењето на магматскиот растоп и најразновидните, зачудувачки па дури и фантастични форми на карпите Маркови Кули се препознава како единствен таков комплекс на територијата на Европа. Според резултатите од современите гехронолошки испитувања, гранитите на Маркови Кули се настанати пред околу 300 милиони години, односно нивната старост е проценета на околу 720 милиони години.

„Весела свадба“ во село Куклица
10487105

Во источниот дел на Р. Македонија, во село Куклица, Кратовско, се наоѓа геолошкиот резерват „Весела свадба“, кај народот познат уште како Куклици, Кукли и Пијани сватови. Геолошкиот резерват „Весела свадба“ е ремек-дело на природата, а со камените фигури високи и по три метри поврзана е легендата кај народот позната како “Скаменета свадба”.

stojanistojankaЛегендата раскажува како во селото Куклица живеел мајстор – ѕидар на куќи. Бил голем мајстор, а воедно бил и голем лажго. Кога решил да се жени, мајсторот им закажал свадба на две Стојанки во ист ден. Стојанка од Долно маало била многу богата, но не била убава. Стојанка од Горно маало, пак, била сиромашна, но многу убава. Стојан се одлучил да се ожени со Стојанка од Долно маало.Кога слушнала тапани и гајди, Стојанка од Горно маало се зачудила зошто сватовите не дошле кај неа, па затоа решила да слезе во Долното маало и да провери што се случува. Ја видела свадбата и сфатила дека мајсторот решил да ја земе побогатата Стојанка. Таа пришла до мајторот и му рекла: „Дај да те бакнам! Да даде Господ сите да се скамените, па макар и ти и јас!“

Науката, пак, дава свое мислење за настанокот на камните фигури. На просторите каде што се куклите имало езеро. Со истекувањето на езерото, почнува нивното моделирање, кое трае и ден денес. Процесите на создавање, кои почнале пред десетина илјади години, продолжуваат и денес, така што некои земјени пирамиди постепено се уништуваат, а други се создаваат. Во резерватот има 148 кукли, или земјани пирамиди. Народот на секој кукла и има дадено некоја улога (на пример, има кум, старосват, чичо, стрина, сватови…). Феноменот земјени пирамиди или камени кукли, во светски рамки претставува ретка појава и за нивно создавање треба посебни геолошки, геоморфолошки, климатски и вегетациски услови. Тоа особено се однесува за добро изразените, типични појави како во Куклица. Затоа овој локалитет е заштитен како природна реткост.

4B58B0EDD344684EB49C9F19180C9CBCСлична легенда се раскажува и за Кукуље во Нов Истевник, Делчево, локалитет кој претставува природна реткост. За потеклото на Кукуљето постои легенда, во која се раскажува дека имало свадба, на која кога сватовите оделе по невестата сретнале просјак, кој побарал да го честат ракија. Но, тие наместо да го почестат, почнале да го исмејуват. Но, тоа не бил обичен просјак, туку Господ, кој сакал да ја види чесноста на луѓето. Кога увидел колку се нечовечни, тој ги скаменил. Така останале сватовите скаменети, еден до друг.

A15398325787A84D924D9BDAA9FCEF44Една друга легенда говори како настанал т.н. Ѓаволски ѕид во близина на Свети Николе. Ѕидот е на планината Богословец, долг е 500 метри, висок 12 и широк два метра. Легендата вели дека ѓаволот се обложил со господ дека кај месноста Богословец во атарот на општина Свети Николе само за една ноќ ќе изгради ѕид со кој ќе ја пренасочи реката Брегалница од нејзиното природно корито и нејзините води ќе ги упати кон Овчеполието и целосно ќе го поплави. Господ го прифатил облогот, а ѓаволот се обврзал да го изгради ѕидот додека не закукуригаат првите петли. Истата ноќ ѓаволот започнал да го гради ѕидот и тоа го правел толку брзо и вешто што не оставал место за сомневање дека работата ќе ја заврши навреме. Тогаш господ се послужил со итроштина – пред зори клоцнал еден заспан петел кој закукуригал и така порано го најавил доаѓањето на денот. Ѓаволот не успеал во својата намера, Овчеполието било спасено од потоп, ѕидот го добил името Ѓаволски, а огромните камења останале до ден-денешен да сведочат за легендата за која не се знае кога настанала.

Ѓаволскиот ѕид од Свети Николе е оддалечен 14 километри, а од клучката на магистралата Скопје – Штип само седум. Легендата говори дека токму на овој простор се криело големото богатство од освојувачките походи на Александар Македонски, а овој мит бил предизвик за многу трагачи по закопано богатство да си ја пробаат среќата.

Кокиноkokino_3

Кокино е мегалитска опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане, на околу 50 километри воздушна линија од Скопје, односно 35 km оддалеченост од Куманово. Таа е поставена на врвот „Татичев камен“, а името го добила по најблиското село Кокино.

Опсерваторијата случајно е откриена во 2001 год., а е датирана во 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време. Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.

Камените маркери во минатото ги означувале местата за изгревање на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневица, рамнодневица и долгодневица, како и нивните отклони. Сонцето, всушност, само на рамнодневиците – на 21 март и на 21 септември – изгрева точно на Исток и заоѓа точно на Запад. Потоа постепено има отклонување до 45 степени.

Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните стени во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Сонцето се повторуваат на 18,6 години. Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделството и сточарството.

Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на стените се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол, каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на племето.

Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 год. американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четвртото место. Првите четири опсерватории според НАСА се:

1. Абу Симбел – Египет
2. Стоунхенџ – Велика Британија
3. Ангкор Ват – Камбоџа
4. Кокино – Република Македонија

Оваа листа е кратка за да ги опфати сите природни реткости со кои изобилува нашата земја. Искористете ја опцијата за коментирање за да ни откриете локалитет од овој вид кој не е спомнат во оваа статија.

- Реклама -