Вештачките освежувачи не се неопходни за вашиот дом секогаш да мириса убаво. Некои билки (или одредени препарати) претставуваат идеална замена за нив, а освен што се природни се и далеку поекономични.
Сода бикарбоната е класичен абсорбер на непријатните мириси. Ставете сад со сода бикарбона на место каде мирисот претставува непријатност, а можете да ја посипете и по килимот доколку и тука имате проблем. Оставете ја содата да дејствува некое време, дури и да преноќи, пред да ја соберете со правосмукалка. Иако таа не остава некоја пријатна арома, сепак, во тоа е и суштината – таа ги собира и елиминира непријатните мириси.
Гранките од рузмарин или пак лаванда се одличен избор на природни билки, особено ако се свежо набрани. Но, дури и кога се исушени тие мирисаат убаво.
Многу луѓе го обожаваат силниот мирис кој зад себе го остава циметот, или пак кришките лимон сварени во вода, а истиот ефект можете да го постигнете и со помош на ванила, портокал, нане, каранфил и морско оревче.
Воздухот во просторијата можете да го освежите и со помош на етерични масла. Сипете неколку капки масло на парче вата и оставете да дејствува во собата.