Температурна инверзија е природната појава која секоја зима се појавува на многу места како природен феномен. Таа природна појава има клучна улога за огромното воздушно загадување во текот на зимските месеци од годината.
Во случајот со Скопје и неговата местоположба, котлината е заградена со планини и во ваква состојба зимно време често се создава воздушната покривка или температурна инверзија. Се задржува многу подолго бидејќи струењето на воздухот се искачува над планинските врвови, оставајќи го воздухот во котлината стациониран како под поклопец.
При температурна инверзија, доколку има населено место, а во нашиот случај за беља е главниот град на државата со преку 600 000 жители, целото загадување од функционирањето на индустријата, транспортот, домаќинствата, градежните активности и т.н. само се собира во котлината, не излегува надвор од “поклопецот”.
Следното видео е одлично објаснување, чисто, научно, метеролошки со кое природната појава лесно може да се разбере.
Зимно време согорувањата од градот од една страна се спречени да излезат од котлината, а од друга страна, бидејќи е грејна сезона, согорувањата се уште повеќе зголемени. Ситуација шах-мат за здравјето на луѓето што живеат во градот.
Но тоа не значи дека „се работи за природна појава и не може ништо да се превземе”…
Сепак, текстов е превземен од Karas4Training, па единствено ќе биде фер да ве препратиме да го дочитате таму. Ви ветуваме дека главното и најинтересното допрва следува. Повелете линкот: КЛИК.