Младата актерка Џенифер Лоренс ја покажа нејзината природна убавина за новата кампања на Dior.
Со малку шминка, нејзините сини очи се истакнуваат во преден план. 23-годишната Оскаровка во оваа фотосесија ја покажа нејзината нежна страна.
Инаку ова е втора кампања на Лоренс за светската модна куќа. За разлика од оваа каде што ја покажува нејзината природна страна, кампањата во февруари беше критикувана дека е многу вештачка односно дека фотографиите се обработени во Фотошоп.