Во муабет за миленичиња еден пријател ни го даде рецептов што тврди дека помага 100 посто и дека го практикува секое лето.
Во топлата сезона неизбежно ни е потребно нешто кое ќе ги отстрани болвите од нашите миленичиња, па затоа оваа комбинација би била добредојдена.
Накратко, потребно е да го направите ова:
Во три литри зовриена вода ставете три кори од лимон + рузмарин гранче.
Се става течноста во спреј и се прска неколку пати во текот на летото.
Се надеваме дека ќе ви се најде.