Природен лек за афта (усен чир)

Афта или усен чир, се појавува најчесто ако сте осетлив на глутен и може да биде многу болен и непријатен. Ќе наведеме неколку природни начини како би можеле да се справите со него:
afta

-Редовно конзумирање на Б12

-Нанесте неколку капки Прополис. Има одлични антисептични и лекувачки способности

-Неколку пати дневно држете мраз на местото

-Избегнувајте паста за заби која содржи sodium lauryl sulfate (SLS), тоа е агенс за правење пена. Пробајте паста направена од природни состојки

-Исплакнете ја устата со млака вода и морска сол неколку пати дневно. Солта ќе ја намали раната и ќе го забрза заздравувањето

-Џусот од Алое е одличен за справување со афти, како и сите зелени зеленчуци. Неколку изгмечени топчиња од брокула исто така може да има добар ефект

Имајте на ум дека афтите не би требало да траат повеќе од неколку дена. Доколку нивниот број се зголемува, или пак не се повлекуваат, задолжително консултирајте се со вашиот матичен лекар.

- Реклама -