Малиот принц ги шармираше австалијанците.
Принцот Џорџ денес се поздрави со Австралија- иако гледаше во погрешен правец додека мавташе. Во сигурноста на мајчините прегратки, принцот Џорџ се качи на авион и така заврши австалиската авантура на кралското семејство.
Малиот шармер во црвено ја воодушеви публиката со своите слатки изрази на лицето, додека неговите родители будно внимавале на своето дете.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон претходно им оддале почит на војниците кои биле дел од контингентот на австалиските и новозеландските воени сили (ANZAC) и се бореле за време на Првата светска војна. Овој празник се слави во Австралија и Нов Зеланд на 25-ти април.