Доколку не сакате да ви се уништи целата невина претстава од детството за чистината на принцезите од анимираните Дизни филмови, „бегајте“ додека не е предоцна. Во вакво издание, не сте ги виделе никогаш досега.
Контроверзната серија илустрации на Dillon Boy, наречена „Dirtyland“, овие познати хероини за децата од 90-те ги претставува како вистински секс-објекти. Дилан за своите дела изјавил дека црпел инспирација од денешницата која не опкружува, и фактот што сега, повеќе од кога и да било досега, сексот продава.
Интересен е фактот што со оглед на тоа што илустрациите беа во лимитиран број, тие веднаш беа распродадени.