Како изгледа вистинска кралска забава за новото вселување покажа принцот Вилијам, кој заедно со своите гости и запеа!
Принцот Вилијам беше домаќин на забавата во Кенсингтон палатата. Негови специјани гости беа американските музичари, поп-кантри пејачката Тејлор Свифт и поп-рокерот Џон Бон Џови. Како што забавата поминувала, така и атмосферата се опуштала, за на крај сите заедно ја запеале песната ‘Living on a Prayer’.
Иако забавата беше за А-листа гости, целта била хуманитарна. Сите приходи се наменети за хуманитарната организација Centrepoint за млади бездомници.
Имаше повеќе од 600 гости, меѓу кои и британскиот пејач Џејмс Блант, раперот Tinie Tempah, а во посебно внимание била американската ѕвезда Тејлор Свифт.
„Морам да се заблагодарам на принцот Вилијам за поканата. Го свртевте вниманието на толку посебна група на млади кои им треба помош, ова е прекрасно“, рекла Тејлор Свифт која не го криеше своето воодушевување. Освен заедничката изведба со Бон Џови и принцот, Тејлор ја отпеала и својата песна ‘Love Story’ кој ја напишала кога била 17 години. Џон Бон Џови присусвувал со целата своја фамилија.
Војвотката Кејт Мидлтон ја пропушти забавата затоа што се грижела за малиот принц Џорџ, но биле во близина на палатата која има 20 спални соби.