Прилепските пензионери се качија на промотивно возење со новите автобуси на метан (ВИДЕО)

Бидејќи се најбројна категорија граѓани кои ги користат услугите на градскиот превоз во Прилеп, денеска прилепските пензионери, во друштво на градоначалникот Илија Јованоски, се качија на промотивно возење во еден од четирите автобуси на метан (кои најмалку три месеци гориво ќе полнат во Битола), за да се уверат во „можностите кои ги нудат четирите новонабавени современи и еколошки автобуси“, соопшти Општина Прилеп.

Пензионерите без колебање ја прифатија шансата, а во тоа не ги предомислија ниту поволностите кои им ги нудат Општина Прилеп и ЈП ПУП – бесплатното четиричасовно користење на автобусите во периодот од 08 до 12 часот, секој ден.

- Реклама -