Од „Макпетрол“ ветуваат дека станицата за метан ќе биде готова за три месеци, вели Градоначалникот на Општина Прилеп – Илија Јовановски. Од „Макпетрол“ додаваат дека изградбата на метански станици се одвива по однапред утврдена динамика, „согласно деловните и инвестициски планови“.
Оттаму, моменталната ситуација е следнава: Четирите нови еколошки автобуси кои во Прилеп беа пуштени во употреба во саботата, а се во вкупна вредност од близу 1 милион евра, гориво (метан) ќе мораат да полнат во Битола, на секои пет дена, објави „САКАМДАКАЖАМ.мк“. Како што вели Јовановски за порталот, одење и враќање од Битола за еден автобус ќе чини 1.000 денари, а алтернативата е „греота“, односно автобусите да седат во гаража. Сепак, дури и патувањето до Битола по гориво ќе чини помалку отколку досегашните автобуси на нафта, додава градоначалникот. Повеќе ТУКА.