Еднаш еден крал отишол кај еден мудрец и седнал да го набљудува собирот на неговите ученици.
Потоа, кога почнала вечерата, кралот рекол:
– О, учителу на вечноста! Забележав дека за време на часовите твоите ученици седат во три полукруга околу тебе, исто како и моите дворјани.
Мудрецот одговорил:
-Величество на светот! Кажи ми како седат твоите дворјани и јас ќе можам да ти одговорам дали моите ученици седат по истиот редослед.
Кралот започнал да објаснува – Во првиот круг седат моите најблиски луѓе. Поназад седат најважните и најмоќните луѓе на кралството и амбасадорите. Конечно, на крајот седат помалку важните за кралството.
– Во тој случај, рекол мудрецот – ние со тебе не ги делиме луѓето подеднакво. Бидејќи оние кои седат најблиску до мене, се неуките. Така тие можат да го слушаат секој мој збор. Во средината се оние кои што знаат нешто, но имаат уште многу да научат, за да можат да се фокусираат на учењето. Најдалеку седат моите најдобри ученици, за кои што близината не е толку важна.