Приказна за матната вода

Одел Буда со своите ученици низ шумата.

По долго талкање тие многу ожеднеле, кога одеднаш пред нив се појавило изворче… Се фрлиле  учениците да пијат вода, се туркале и ја заматиле водата, која веќе не била доволно чиста за да се пие.

Буда сепак инсистирал да го продолжат патот. Учениците беа многу жедни, инсистирале, молеле, но Буда бил безгрижен.

Кога по неколку часовно одење дошле до следното изворче, тоа исто така било заматено.

Тогаш Буда повикал еден од своите ученици и му наредил да се врати и да земе вода од претходното изворче.

Кога ученикот стигнал до него, изворчето било чисто, калта се била скрила …

Некои работи не се случуваат со исчекување, сласт и желба. Треба само трпеливо да почекаш да се случат.

- Реклама -