Одлучил Ѓаволот да се пофали, па среде градскиот плоштад ги наредил сите инструменти од својот арсенал.
Тука бил и блескавиот камен на Љубомората , чеканот на Бесот и стапицата на Алчноста. До нив стоеле оружјата на Гордоста и Омразата.
Сите инструменти биле положени врз убави перници од црвено кадифе , со етикети и цени – чудесни суми.
А на самиот агол лежел мал, дрвен клин со натпис „Очај“, но чинел најскапо од сето она што било изложено.
– Зошто? – Прашале вчудоневидени луѓето.
– Ова е единствениот инструментот на кој што сметам кога сите други се покажуваат немоќни. – објаснил Ѓаволот и нежно го помилувал дрвениот клин.
– Штом еднаш ќе успеам да го забодам во главата на човекот , тој ги отвора вратите за сите останати од тезгата.