Една жена морала да чека долго на аеродромот. За да го исполни времето си купила интересна книга и кутија колачиња. Како што седнала да чита, до неа се сместил еден млад човек, кој што отворил списание и се замислил.
Меѓу двајцата бил пакетот со колачиња. Кога таа го зела првото, младичот до неа, без да прашува, исто си зел.
Жената се изнервирала, но не споменала ништо. Тој сепак продолжил најнавредливо да јаде од нејзините колачиња. Тоа ја полудувало, но решила да молчи и да си ги изеде колачињата што е можно побрзо. Кога во кутијата останало само едно, жената си мислела како ли ќе постапи безобразниот млад човек сега. Тој го зел последното колаче, го скршил на два дела и ја дал едната половина на жената, а другата ја изел сам.
– „Какво воспитување! – си помислила таа.
– „Дури не ми се ни заблагодари! ”
Наскоро жената со олеснување слушнала како е време да се качи во авионот.
Откако се качила си ја отворила торбата за да продолжи со читањето, а таму, кутијата со колачиња стоела недопрена.
– „Боже мој! Ако моите колачиња се тука, значи тоа биле негови, а тој ги поделил со мене“. Било премногу доцна за да му се извини на момчето.
И останало, само да признае со мака, колку неблагодарна и дрска изгледала таа.
Поука: Некогаш немаме втора можност да се извиниме.
(Непознат автор)