Еден ден Буда и неговиот ученик Ананда го посетиле индискиот град Варанаси.
Во центарот на градот сретнале човек кој го замолил Буда да застане и му рекол:
– Ти си еден шарлатан! Буда одговорил: – Ти си груб, но во право си!
По некое време сретнале друг човек, кој при појавата на Буда едноставно останал восхитен. Му рекол:
– Ти си најубавиот цвет на светот! Буда одговорил: – Така е, пријателе. Ти ја гледаш суштината на работите.
Ананда го слушал сето тоа многу внимателно, и не се воздржал да го праша Буда:
– Како е можно и двајцата да се во право, откако изразуваат радикално спротивставени мислења?
Буда се насмевнал, погледнал кон Ананда, и одговорил:
– Јас сум само полирано огледало. Во мене секој се гледа самиот себе …