Приказна со умна поука за задржување на љубовта

Двајца љубовници отишле кај еден мудрец и го прашале:

– Денес ние сме многу вљубени, сакаме нашата љубов да трае вечно. Ти си мудар, кажи ни како да ја задржиме љубовта?

– Добро, рекол мудрецот. Најдете по еден орел , фатете го и донесете го кај мене на врвот на планината.

Двајцата млади се разделиле и по различни патишта пронашле секој по еден орел, а потоа се вратиле кај старецот.

– А сега врзете им ги нозете.

Младите така и направиле. Ги врзале нозете на животните и ги гледале како се обидуваат да летнат и со секој скок, паѓаат повторно на земјата.

– Одврзете ги, рекол мудриот старец. И повторно пуштете ги.

Орлите ги рашириле своите крилја и исчезнале во височините.

– Еве ова е тајната! Никогаш не се „врзувајте” еден со друг, зашто тогаш љубовта ќе умре и ниту еден од вас нема да може да живее по желба и да му се радува на својот лет!

- Реклама -