Прикажан документарецот „Ohrid and beyond“ по повод 20-годишнината од Рамковниот договор (ВИДЕО)

Скопје, 12 август 2021 (МИА) – Во организација на Центарот за истражувања и европски анализи „Европроспера“ и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денеска беше прикажан документарецот „Ohrid and Beyond” по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Документарецот е снимен во 2002 година од страна на Institute for War & Peace Reporting UK, и е финансиран од УСАИД и ИОМ.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оцени дека документарецот е одлично здание за сето тоа што се случуваше во 2001 и 2002 година и посочи дека во документарецот сите протагонисти на Охридскиот рамковен договор, ги искажуваат своите искуства околу преговорите и го коментираат документот.

„Ќе имате можност да чуете ставови од Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Џејмс Пердју, Хавиер Солана, Али Ахмети, Арбен Џафери, Имер Имери и сите протагонисти коишто учествувале во преговорите за Охридскиот рамковен договор ги искажуваат своите искуства околу преговорите и го коментираат документот. Многу ме интересираат вашите впечатови 20 години по снимањето на овој документарец и околу ставовите кои што ќе бидат искажани во овој документарец во вашата перспектива од денешна гледна точка“, рече Груби.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Како што наведе, Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува здравствените протоколи за утрешниото одбележување на 20-годишнинаната од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, а за ова прашање рече дека го контрактирал и министерот за здравство Венко Филипче.

Претходно, Груби денеска присуствуваше на трибината на тема „Албанската кауза-пред и после Хасан Приштина“, организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија. Пред тоа, тој положи цвеќе кај споменикот на Хасан Приштина во Скопје (пред ТЦ Мавровка).

- Реклама -