Пријавено во ОВР Гостивар: Со измама одземени 100 евра

СВР Тетово извести дека вчера (22 јуни) во 12.15 часот во ОВР Гостивар, Ѓ.М.(41) од Република Турција пријавил дека околу 07.30 часот во хотелот каде престојувал две лица лажно се претставиле и го измамиле одземајќи му 100 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведува полицијата.

Извор