Пријавени напади во локал во Чегране и во двор во Врапчиште

СВР Тетово извести дека вчеравечер (2 јули) во 23.30 часот во ОВР Гостивар, 38 годишниот С.И. од Чегране пријавил дека околу 20.30 часот, додека бил на работно место во угостителски објект во селото, бил физички нападнат од неговиот соселанец Е.И.

Исто така вчера (2 јули) во 13:40 часот 54 годишната Т.С. од Врапчиште пријавила дека околу 10.30 часот пред нејзината куќа во селото била физички нападната од нејзината сосетка И.Ш., со која подолг период имаат нарушени односи. Според пријавеното, при нападот таа користела и тврди предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.

Извор