СВР Тетово информира дека вчера (18 јуни) во 21.35 часот во Полициска станица Гостивар, 66 годишната гостиварка Л.Т. пријавила дека околу 20.00 часот во слаткарница во Гостивар, таа и нејзината внука биле физички нападнати од сопственикот на слаткарницата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести полицијата.