Пријавен напад врз малолетник во Гостивар

СВР Тетово соопшти дека вчера (5 јули) во 23.00 часот во ОВР Гостивар, 53 годишниот гостиварец Р.П. пријавил дека околу 21.00 неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Н..

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, извести полицијата.

Извор