За пилешкото не е потребен некој посебен вовед. Еден од најупотребуваните продукти и сигурно еден од најпопуларните поради цената, но и нутритивната вредност. Се консумира на сите континенти, а во светот во 2003-тата година имало дури 24 милијарди пилиња.
Најупотребувано е од домашните животни, што поради месото, но и поради јајцата. Приказната за пилешкото почнува многу, многу чудно. На почетокот се одгледувале индијски видови, и тоа исклучиво заради борба со петли. Малку внимание се обрнувало на месото и јајцата, речиси воопшто. Тие живееле од пет до десет години, во зависност од видот.
Најстарата кокошка која умрела имала 16 години, и тоа од срцев удар. Интересно е тоа што имаат т.н. „ред на петлите“, многу јасна хиерархиска поделба во внатрешноста на заедницата. Кукурикањето на петлите е територијален знак за другиот петел, а кокошките се гласни кога лежат јајца, ги повикуваат пилињата, но и кога чувствуваат опасност.
Денеска има се помалку кокошки од органско производство, а се повеќе се одгледуваат во фабрички услови, и вакумирани се праќаат на полиците во супермаркетите. Постојат се помалку кокошки кои се исхранувани со пченка, а органско одгледнуваната живина се подготвува различно од неорганската за да биде сочна. Со пилешко се комбинира речиси се – печурки, зеленчук, тестенини, ориз, безброј видови на билки, сосови, зачини, па дури и, во Турција, слатко пилешко.
Пилешкото може да се полни, пече, вари, да се динстува, похова. Експериментирајте, обидете се со соја сос и мед, со коријандер, кокосово млеко во црвен сос од кари. Истражувајте, со пилешкото можете се!
Рецепт за вкусно и едноставно пилешко
Потребни состојки:
- 1 пиле
- 1 главица кромид
- сланина
- сол
- бибер
- 1 лажица путер
- 1 лажица мед
- 1 лажица сенф
- сок од еден портокал
Пилето го подврзувате со коноп, така што крилцата ќе се завртат на внатрешната страна и батаците ќе се приближат до градите. Потоа оставете го на собна температура, посолете го, и по неколку минути ставете го да се пече на 200 степени без масло. Доколку имате мајчина душица, наросете малку одозгора.
Пропржете го кромидот со сланината, додајте малку ловоров лист и зачинете. На крајот додадете малку путер за вкус и густина. Во сад ставете го медот, сенфот и сокот од портокал, зачинете со сол и бибер и посипете го врз испеченото пиле со гарнир од кромид и сланина.