Причината поради која на жените им треба подолго да забременат, а несвесно ја игнорираат

Новата студија спроведена на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, а презентирана во Денвер на конференција на American Society for Reproductive Medicine, е првата што покажува значителна врска меѓу редовноста/распоредот на спиење и женската плодност, главно зошто ова е тешко да се измери.

Сепак, користејќи паметни часовници што ја следат активноста, а врз основа на сировите податоци, научниците откриле дека жените кои забременуваат најбрзо имаат редовен распоред на спиење, т.е. легнуваат во исто време (со варијација од час порано или подоцна) секоја вечер.

 

Резултатите, од 176 учеснички, покажале јасна корелација помеѓу редовноста во распоредот на спиење и времето потребно да се забремени.

Претходно неколку студии покажаа дека кај медицинските сестри, кај кои поради природата на нивната работа нередовноста во спиењето е драстично голема, ризикот од предвремено раѓање е поголем. Иако свесна за тие резултати, предводничката на новата студија – д-р Емили Јунгхајм, вели дека е изненадена од тоа колку всушност се покажала силна поврзаноста на спиењето со бременоста.

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

„Паровите што се обидуваат да зачнат се спремни да пробаат речиси сé – елиминираат алкохол и кафе и преминуваат на здрава исхрана, но никој не помислува на спиењето“, вели таа. „Време е тоа да се смени“.

75 од 176-та учеснички во студијата забремениле до крајот на годината. Откако биле земени во предвид и искалкулирани сите поважни фактори (класна припадност, финансиски примања, индекс на телесна маса и сл.), се покажало дека спиењето е всушност одлучувачкиот фактор во тоа колку време ѝ е потребно на една жена да забремени. На жените што се обидувале да зачнат, а легнувале во приближно исто време секоја вечер – им требало најкратко време. На жените кај кои легнувањето варирало драстично на дневна основа – некогаш во 23 часот, другпат во 1 по полноќ или подоцна – им требало најдолго.

Daily Mail

 

 

 

 

 

 

- Реклама -