Покривањето на устата и носот додека кивате и кашлате не служи само како показател за добри манири.
Според новото истражување спроведено на Технолошкиот институт во Масачусетс ( MIT), капките што се одлободуваат за време на кивање и кашлање можат да патуваат 200 пати подалеку, од она што мислевме порано.
Истражувачите ги проучувале тие механизми и посматрале како секоја капка ја следи „облак гас“ кој им овозможува да поминат големи далечини.
Во минатото истраувачите верувале дека поголемите капки патуваат подалеку од помалите поради дополнителната сила. Меѓутоа, поради овие облици на гас малите капки одат кон поголема далечина, додека поголемите паѓаат.
Анализите се објавени во Journal of Fluid Mechanics, а следен чекор за научниците е проучувањето на „течноста на распаѓање“кога капките кои содржат патогената форма, се способни за пренесување на болести.