При инспекциите најдени нови вакцини со декларации со истечен рок

При инспекцијата во вакциналните пунктови најдени се нови вакцини со декларации со истечен рок, објави „Независен“. Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД – Ќахил Ибраими, засега не открива за колку МРП вакцини се работи и во кои здравствени домови и во кои градови се откриени.

Треба точно да се утврди на колку вакцини им биле аплицирани декларации со истечен рок, а Ибраими очекува резултатите да ги добијат и објават денеска. Тој потсетува дека кај вакцините нема проблем со рокот, туку се работи за техничка грешка при која биле залепени погрешни декларации.

 

- Реклама -