Претвори го својот ракопис во фонт

Вака ќе го претворите сопствениот ракопис во фонт, во само неколку чекори.

Откако компјутерската тастатура загосподари со пишаните зборови, ракописите сè поретко можат да се видат во секојдневниот живот. Меѓутоа, како што е возможно сè на интернет, сега со негова помош можеме да си направиме компјутерски фонт од својот ракопис.

Со појавата на машината за пишување (1829 година), а 100 години подоцна и компјутерите, безличните букви ги освоија канцелариите, шалтерите и работните соби на професионалните испишувачи на голем број букви, како што се новинарите и писателите.

Меѓутоа, за пишувањето со рака да не остане привилегија само на калиграфите и љубовниците, се погрижи сајтот myscripfont , на кој што можете да си направите сопствен фонт.

Сè што треба да направите е опишано во следните шест чекори:

1. Превземете примерок од сајтот и испринтајте го.

1

2. Поплнете ги празните полиња со сопствен ракопис.

2

3. Скенирајте ги своерачно напишаните букви и бројки.

4. Испратете пополент примерок на myscriptfont.

5. Именувајте го својот фонт и кликнете на СТАРТ.

5

6. Превземете го својот фонт и инсталирајте го на вашиот компјутер.

Бидејќи и денес се смета за неучтиво, доколку приватното писмо го напишете со безличните букви на машината, искористете го овој сајт и преку својот персонален компјутер пренесете интимни вибрации, кои некако ќе успеат да ја изразат вашата личност.

- Реклама -