Претворање на крвните групи

bloodtitle1Можност за претворање на една во друга крвна група, пронајдоа
научниците од Универзитетот во Копенхаген. Според лондонски "Тајмс",
доколку новиот метод ги задоволи неопходните тестови направени врз
луѓето, тоа би значело крај на проблемите околу пронаоѓање на
доброволни крводарители, скапи трансфузии и комплицирани складирања на
крвта.

bloodtypedonorsМожност за претворање на една во друга крвна група, пронајдоа научниците од Универзитетот во Копенхаген. Според лондонски "Тајмс", доколку новиот метод ги задоволи неопходните тестови направени врз луѓето, тоа би значело крај на проблемите околу пронаоѓање на доброволни крводарители, скапи трансфузии и комплицирани складирања на крвта.

Истражувањата на научниците довеле до сознанија дека крвните групи А, Б или АБ може да ги конвертираат во нулта крвна група. Тие во процесот користеле бактериски ензими од габи што ги употребиле за намалување на молекулите на шеќер од површината на црвените крвни клетки.

Крвната група нулта е позната како универзална затоа што таа може да биде дадена и на лица кои имаат друга крвна група. Погрешна крвна група може да предизвика реакции на имунолошкиот сустем и да биде фатална по животот на пациентите. Крвните групи, луѓето ги наследуваат од гените на своите родители, а системот на крвни категории поделени на А, Б, АБ и нулта група датира од 1900 година.

виа. 

- Реклама -