Одлуката да поднесе оставка од функцијата претседател на Државна изборна комисија, Александар Чичаковски ја потврдил за новинската агенција МИА.
Тој изјавил дека поднел барање до ДИК за престанок на функцијата и дека тоа е негова лична одлука.
Мандатот на овој состав на комисијата истекува во 2020 година. Чичаковски е прв човек на ДИК од редот на експертите од 2015 година по постигнувањето на Пржинскиот договор.
Засега нема информации дали и други членови на ДИК ќе поднесат оставка.