Претресот во Ржаничино заврши, Миленко бил приведен поради закани кон Зоран Заев (ВИДЕО)

Претресот во куќата на Миленко во скопско Ржаничино завршил некаде околу 20 часот, пренесува „Телма“ повикувајќи се на полициски извори, при што од куќата биле одземени компјутер и телефон на Неделковски кои се од интерес за постапката на обвинителството и ќе бидат дадени на вештачење и анализа.

Полицијата се сомнева дека Миленко преку социјалните мрежи предизвикувал и повикувал на загрозување на безбедноста на пратениците кои гласаа за отпочнување на уставните измени, а по денешна пријава од одделот за компјутерски криминал и форензика на МВР, обвинителството отворило постапка за да се утврди дали новинарот стои зад истите. Во тек се проверки, а лицето било повикано на разговор, соопштиле од обвинителството за Телма.

Во меѓувреме, Миленко е ослободен, а по излегувањето полициската станица во Автокоманда дал и кратка изјава за порталот „Инфомакс“. Во изјавата, Миленко ги демантира шпекулациите дека бил приведен поради статусот поврзан со пожарите во Грција, и тврди дека се работи за закани кон Зоран Заев.

- Реклама -